(ФОТО) Четири жртви во експлозијата во Лестер

Четири лица загинале во експлозијата којашто се случи во неделата вечерта во англискиот град Лестер, објави полицијата во понеделникот, додавајќи дека е можно да има уште жртви.

„Во овој момент е потврдена смртта на четири лица, а повеќемина и натаму се во болница. Веруваме дека има уште луѓе кои не се влезени во нашите бројки и спасувачките напори продолжуваат за да се лоцираат евентуалните жртви, доколку ги има уште“, се наведува во соопштението на полицијата во Лестер.

Претходно полицијата соопшти дека нема никакви сознанија дека овој инцидент е поврзан со тероризам.

Ноќта кон понеделникот медиумите објавија дека најмалку пет лица се ранети од кои четири се во критична состојба, во силната експлозија којашто уништила една двокатна куќа во која имало продавница во централна Англија.