![kimkejt](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2013/12/kimkejt.jpg?resize=640%2C471&ssl=1)
И двете се познати, една по елеганцијата и хуманитарните акции, другата по провокативноста и скандалозното семејство, и на двете името им почнува на К, и двете станаа мајки ова лето…но, која го копира стилот на другата.
Британски Дејли Меил објави фотографии на кои се забележува дека старлетата Ким се обидува да го копира стилот и модните комбинации на војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон.
И додека Кејт е елеганција во движење, секогаш пристојна и нежна, Ким се обидува во модните парчиња кои ги „позајмува“ од војвотката да го додаде својот печат на сексипил и провокативност. Можеби Ким успева да најде слични парчиња гардероба, но никогаш нема да успее да влезе во кралската палата и ќе остане само кралица на скандалите.