Вселенската сонда DART која американската агенција за вселенски истражувања NASA во септември намерно го насочи и заби во астероид, успеала да го скршне од неговата орбита, со што ја исполнила својата мисија: да ја промени траекторијата на небеско тело за во иднина, доколку е потребно, да спречи негов удар во Земјата и да спречи катастрофа.
„Ова претставува пресвртница за одбрана на планетата и пресвртница за човештвото“, изјави во вторникот директорот на мисијата на NASA, Бил Нелсон пред новинарите преставувајќи ги резултатите.
Мерењата со телескопот кој NASA го претстави на конференцијата за медиумите, покажа дека со „самоубиствениот“ лет на DART на 26-ти септември успеал да ја оствари својата задача, да ја промени насоката на астероидот со само кинетичка сила.
На мисијата DART, вредна 330 милиони долари, експертите работеле седум години настојувајќи да развијат технологија со којашто астероидот кој некогаш би претставувал закана за Земјата, би бил скршнат од неговата траекторија и така би се избегнал негов удар во планетата.
Вселенската цел на сондата DART беше Диморфос, астероид со јајчеста форма и големина на фудбалско игралиште, кој орбитира околу пет пати поголемиот астероид наречен Дидимос на секои 11 часови и 55 минути.
Сондата DART лансирана од Калифорнија со ракетата „Falcon 9“ во ноември минатата година имаше маса од 610 килограми и го удрила Диморфос создавајќи доволно сила астероидот да го придвижи поблиску до Дидимос.
Споредбата на траекторијата на Диморфс пред и по ударот, покажале дека за 32 минути му е скратена патеката околу Дидимос, што се толкува како успешно отклонување. Научниците предвидуваа дека DART ќе ја скрати орбитата на Диморфос за најмалку 10 минути, но претходно објавија дека и скратувањето од 73 секунди би го смета
Ниту двата споменати астероиди, ниту DART, што е кратенка од Double Asteroid Redirection Test, воопшто не претставувале закана за Земјата, истакнуваат стручњаците на NASA.