(ФОТО) Деми Мур и на 58 години фантастична, со ќерка ѝ и кучињата ужива на Миконос

Холивудската актерка Деми Мур, заедно со ќерка ѝ од бракот со Брус Вилис, Румер, деновиве се сончаат на грчкиот остров Миконос. Папараците успеаја да ги уловат 58-годишната актерка и 32-годишната ќерка додека тие уживаа на лежалки, се разладуваа во Медитеранот, а заедно со нив се и нивните две кучиња.

-Подготвена за уште еден ден во рајот, порача Деми Мур на „Инстаграм“, покажувајќи го своето добро одржано тело во бикини.