Откако беше потврдено дека познатиот актер Брус Вилис боледува од форма на деменција наречена фронтотемпорална деменција, сега се шпекулира дека неговата поранешна сопруга Деми Мур се преселила кај него за да се грижи за нејзиниот поранешен сопруг.
Секако, сите веднаш помислија како се чувствува сопругата на Брус, Ема Хеминг Вилис за овие шпекулации, која во оваа прилика преку својот профил на Инстаграм објави:
„Да ставиме крај на овие гласини. Навистина е глупаво. Ве молам престанете“, порача Ема Хеминг Вилис преку својот Инстаграм.
Деми Мур е секогаш со својот поранешен сопруг
ПР на Деми Мур изјави за Radar Online дека актерката не е посветена на Брус и Ема, но дека и покрај тоа, таа „никогаш не го напуштила“ својот поранешен сопруг и секогаш е тука за него и неговото семејство.
View this post on Instagram
Да потсетиме, семејството на Вилис, вклучително и сопругата Ема Хеминг Вилис, поранешната сопруга Деми Мур и неговите ќерки, првпат ја открија неговата дијагноза афазија во 2022 година. Тие тогаш рекоа дека Вилис страда од медицинска состојба која влијаела на неговите когнитивни способности и дека ќе паузира кога станува збор за неговиот актерски повик.