Целосно е лудо да очекувате познатите холивудски ѕвезди во секој миг да изгледаат беспрекорно. Но, последните фотографии на Деми Мур предизвикаа бура реакции во медиумите.
Во изминатиот период медиумите пишуваа дека актерката во последно време премногу се запуштила и дека воопшто не се грижи за изгледот. Таа неодамна беше фотографирана за време на ручек во Холивуд во целосно неочекувано издание.
По се изгледа 53-годишната актерка одамна не посетила фризер и не ја бојадисала косата. Ова придонесува некогашниот секс симбол да изгледа многу постаро.