Ова е „туморот” на општина Ѓорче Петров, местото од каде што „метастазира” загадувањето на целата општина. Може да се согледа дека со текот на годините констатно се зголемува, а во последните две години доживува кулуминација во целото постоење. Тоа се должи на фактот што рампите се кренати од двата влеза (од кај Ново Село и од кај н. Даме Груев) и што чуварската служба е елиминирана.
Не често знае да се запали, а согласно кажувањата на жителите, личните сведоштва и медиумите се фрла отпад од секаков карактер, дури и мрша и долна облека. Има остатоци и од градежен материјал, покуќнина и стар мебел.
Шпекулациите говорат дека камионите што депонираат отпад се на комапнии чии сопственици плаќаат „под маса” за да може да ја уживаат таа „привилегија”.
При самото палење и чадовите што се шират долж реката Лепенец ги опфаќаат централниот дел на општината како и дел од општината Карпош. Во тој регион живеат неколку десетици илјади жители и има неколку основни училишта, а ефектите се гледаат и на мерачите на воздух кои од вредноста од неколку десетини ПМ10 честички, скокаат на неколку стотици ПМ10 честички.
Оваа депонија е тивок убиец.
Апелираме до надлежните градоначалници и служби да се зафатат за работа и да не спасат од овој проблем.
Пред да биде предоцна, стои на фејсбук страницата Ѓорче Петров