(ФОТО) Десет жртви во пукање во Канада

Канадската полиција по потерата која траела 12 часа убила вооружен маж кој претходно смртно застралал десет лица, меѓу кои и еден полицаец во канадската покраина Нова Шкотска, пренесувааt во неделата канадските медиум, од кои некои јавија дека осомничениот е уапсен,

Мажот, идентификуван како 51-годишниот Гебриел Вортман бил пронајден крај една бензинска станица по поулдневната потера, наведе полицијата во објавата на Twitter. Полицијата засега не го објавува бројот на жртвите во пукањето, туку само наведува дека станува збор „за повеќе жртви“.

Агенцијата Associated Press повикувајќи се на полициски извори објави дека Вортман убил 10 луѓе, меѓу кои и една полицајка. Мотивите за нападот засега не се познати, според изворите на агенцијата.

Инцидентот се случил во малиот град Портапик во Нова Шкотска. Според телевизиајта CTV, мажот кој отворил оган според очевидците носел облека која потсетувала на полициска униформа и од местото на настанот побегнал со патролно возило, но не бил припадник на органите на редот. Првично канадските медиуми објавија дека по неколку часа напаѓачот бил уапсен и однесен во притвор.

Но подоцна беше објавено дека осомниечниот е во бегство од саботата вечерта, како и дека станува збор за забен техничар кој убил неколку лица. Бил пронајден на бензинска станица 30-ина километри од Халифакс, главниот град на покраината Нова Шкотска, а по престрелката со полицијата бил смртно застрелан, потврди во неделата вечерта канадската полиција.

Споменивајќи го овој инцидент во текот на редовната дневна прес-конференција за ситауцијата со коронавирусот, канадскиот премиер Џастин Трудо рече да станува збор за „страшна ситуација“ и ѝ се заблагодари на полицијата.