На новата девојка на Бред Пит, германската манекенка Никол Потуралски, и порасна популарност, а сè поголем број нејзини следбеници се почестија со фотографијата на која не носи градник.
„Сè е во твојата глава“, порача 27-годишната бринета, која минатиот викенд го помина со актерот во замокот Миравал на југот на Франција. Тој дел од светот му е многу драг и токму таму се ожени со Анџелина Џоли.
https://www.instagram.com/p/CEo–aWqIyk/?utm_source=ig_embed
Е! известува дека Бред уживал во пејсажите со Никол, а локалното население вели дека дошол да учествува во кампањата за неговото вино. Минатата недела Никол и Бред биле видени на аеродромот во Лос Анџелес.
„Тие се бакнаа, а тој беше многу внимателен кон неа“, велат сведоците.
https://www.instagram.com/p/CDI17s2o-bY/?utm_source=ig_embed
“Тие беа на полу-јавно место, но не им беше грижа што гледаат другите. Таа е навистина убава и очигледно е многу помлада од него”, коментираат тие.
Во меѓувреме, беше објавено дека Никол е во отворен брак со 41години постариот претприемач Роланд Мери, во чиј ресторан го запознала и Пит.