Полицијата во Германија соопшти дека денес една 18-годишна девојка која штотуку добила возачка поминала неповредена откако невнимателно му застанала на патот на конвојот британски тенкови,пренесува АП.
Според портпаролот на полицијата, таа очигледно не го видела конвојот кога вртела лево, точно пред првиот тенк во колоната.
Тенкот тежок 62 тони, не успеал да застане на време и удрил во предната страна на автомобилот „тојота“, кој го возела девојката.
Тенковите од британската база во Падерборн се движеле низ областа за воени маневри, која е отворена и за јавен сообраќај.
Штетата на автомобилот на девојката се проценува на 12.000 евра, а тенкот, секако нема ниту гребнатина.