Името на министерот за надворешни работи Никола Димитров беше во игра како еден од главните фаворити за претседателската кандидатура кај владејачката гарнитура, по решавањето на спорот со името заедно со премиерот Зоран Заев, деновиве реши да се опушти и да се посвети на ноќниот живот.
Останаа прашањата дали Заев се премисли или никогаш сериозно не го планираше за претседателски кандидат, што се виде откако тој го одбра Стево Пендаровски, а незадоволството кај Димитров се гледа и од тоа што тој исто како и Шеќеринска е отсутен од претседателската кампања на социјалдемократите.
Ама затоа Димитров со гордост може да се пофали дека го има по скопските локали. Последен пат виден вчеравечер, или поточно, денес рано наутро, околу два и пол по полноќ, во скопскиот ноќен клуб „12 -12“.
И тоа според сведоците, во добро друштво, што потврдува и фотографијата направена некаде пред завршување на забавата. Дали Димитров се впушти по забави заради утеха за недобиената кандидатура или едноставно решил да ја почести дамата, само министерот си знае. Сепак може да се заклучи дека дододека Стево тера кампања и довербата за глас повеќе на народот по Македонија „ја купува“, Никола Димитров среде Скопје, до зори лумпува!