ФОТО: Дојран најевтино туристичко место на Балканот – Погледнете ги цените

Се поголем број туристи се одлучуваат својот летен одмор да го поминат на југот на нашата  држава. Дојран во последните неколку години доживува вистинска преродба.

Убавите плажи, големиот број културни манифестации, како и ниските цени достапни за сечиј џеб се некои од причините поради кои голем број туристи се одлучуваат за Дојран.

Како што можете да погледнете во приложените ценовници, во Дојран можете целосно да се опуштите. Можете да си дозволите вистински одмор, со храна во ресторани, без притоа да стравувате дека ќе „ве изгорат“ кога ќе треба да го извадите паричникот.

И додека цените во туристичките центри во соседните земји растат, што поради зголемување на ДДВ, што поради други фактори, во продолжение можете да се уверите дека Дојран останува препознатлив по ниските цени.

13714365_10208393814075738_1965283823_n

Како што можете да видите, цените на безалкохолните пијалаци во кафулињата на плажите се движат од 50 до 60 денари, на кафето од 30 до 60 денари, а за пиво ќе треба да одвоите од 70 до 80 денари, во зависност од тоа какво пиво сакате да пиете.

13695240_10208393841596426_1666414478_n

Како што може да се забележи од приложените фотографии, во рестораните има голем избор на храна, а цените се пристапни за секого.

Велат дека, ако отидете во Дојран, а не пробате риба – исто како да не сте биле таму. Како што гледате во приложената  фотографија за порција риба  ќе треба да одвоите од 200 до 300 денари во зависност од тоа каква риба сакате да вкусите.

13664664_10208393823195966_2080938409_n

Цените на храната во рестораните се горе-долу слични. Како што може да се забележи на менито од друг ресторан, топче сладолед чини само 20 денари, а за други видови десерти ќе треба да одвоите од 50 до 100 денари.

13695073_10208393823715979_1107926312_n

13714473_10208393823995986_876435552_n

Во приложената фотографија од менито можете да видите како се движат цените на скарата и на салатите. Така за салата ќе треба да одвоите од 80 до 100 денари, а цената на парче месо печено на скара се движи од 120 денари па нагоре.

За споредба, за да се уверите дека цените во рестораните се речиси идентични, во продолжение ви приложуваме уште едно мени.

13706256_10208393825116014_1613855712_n 13672261_10208393825236017_1878829173_n

Доколку пак не сте од оние луѓе што одат по ресторани и сакате да уживате во брза храна, еве го менито и погледнете како се движат цените на сендвичите.

sendvici

Освен што нема да потрошите многу пари доколку сакате себе си да си приуштите вистински одмор и да уживате во вкусната  храна во рестораните, битно е да се напомене дека нема да потрошите ниту премногу пари за да уживате на плажа. Како што можете да забележите во приложената фотографија,  за целодневното користење на лежалка ќе треба да одвоите само 120 денари, а со тоа гратис добивате нес-кафе и минерална  вода.

13652775_10208393863716979_1981945768_n

Ако не сте љубител на скара, риба или сендвичи, тогаш за вечера би можеле да одите и на пица. Како што може да се види, Дојран е најевтин и во однос на цената на пиците и истите се движат од 120 до 250 денари во зависност од големината или од видот на пицата.

picerija

picerija-2

За појадок освен во ресторани, можете да купите нешто и од бурекџилница. Еве како се движат цените на бурекот и на белите печива.

13695881_10208394685217516_1786553512_n (1)

И за крај проследете го богатото мени на најстариот ресторан во градот „Фук Так“ каде освен оние вообичаените можете да вкусите и автентични специјалитети, карактеристични за Дојран, како што е познатата риба на трска.

13689691_10208394043761480_131873451_n 13734684_10208394043881483_293837873_n 13705295_10208394044121489_2002233929_n 13705295_10208394044121489_2002233929_n 13695132_10208394045121514_339335747_n 13694984_10208394045241517_1571069987_n

Она што мора да се напомене за крај е дека годинава Дојран е „Град на културата“, што подразбира дека ова туристичко место летово ќе изобилува со голем број културни манифестации. Богатата програма, евтините цени и убавите уредени плажи се надеваме дека ќе бидат само причина повеќе да го посетите овој туристички центар.