Домот од детството на американската музичка ѕвезда Бијонсе беше уништен од пожар кој избувнал на Божик.
Пожарникарите во таксашки Хјустон се соочиле со голем пожар во блокот 2400 на улицата „Розедејл“ во раните утрински часови на Божик, според локалната станица KIAH.
Им биле потребни 10 минути за да го изгаснат пожарот откако биле потребни само три минути за да пристигнат на местото на настанот. Брачната двојка која живее во куќата и нивните две деца во тој момент биле дома, но останаел неповредени. Не е јасно што го предизвикало пожарот во двокатната зграда.
Поради сезоната на празници, декември е водечки месец за пожари во домовите во САД, според Националното здружение за заштита од пожари.
Семејството Ноулс, чијашто најстара ќерка Бијонсе Жизел Ноулс-Картер стана меѓународна поп-ѕвезда и најнаградуваниот уметник во историјата на Греми наградите, платило 64.000 долари за домот во Хјустон во 1981 година, според интернет талоидот TMZ. Семејството се отселило од куќата во 1986 година откако се родила Соланж Пијаже Ноулс, исто така добитничка на Греми.
Куќата има спирални скалила, три бањи и канцелариски простории. TMZ известува дека минатата година купувач платил 310.000 долари за плацот до оваа куќа.
Бијонсе во септември двапати настапи во Хјустон додека ја приведуваше кон крајот својата турнеја „Renaissance World“ со којашто заработи 579 милиони долари.