Во пресрет на новата изложба во Националната галерија на портрети, синот на Одри Хепберн, најави дека ќе бидат излажени приватни фотографии и мемоари кои што досега не биле објавени, а кои ќе и овозможат на публиката да ја види вистинската Одри Хепберн, пишува британски „Телеграф“.
Ќе бидат објавени фотографии од детството на познатата актерка, како и од периодот кога таа била тинејџерка.
Исто така ќе биде изложена и фотографијата на која се гледа Хепберн како се смее „од уво до уво“ со букет цвеќе, откако претходно за чудо ја преживеала „Зимата на смртта“ во Холандија за време на Втората Светска војна.