Поројниот дожд во неделата го испразни кампот пред Владата, а од друга страна пред Собранието во кампот на Чуварите на демократијата околу 150 граѓани се собраа за да го слушнат говорот на новинарот Миленко Неделковски.
Во кампот на Чуварите на демократијата на дождот се дебатираше за актуелните теми, во исто време во кампот пред Владата забележително беше намален бројот на луѓе. Како што се гледа и на фотографиите што беа објавени во дел од медиумите, речиси и да немаше никого во кампот.
За разлика од кампот пред Влада, во кампот на Чуварите на демократијата и покрај дождот се одржа едночасовна дискусија на која присуствуваа околу 150 граѓани кои со чадори го следеа говорот на новинарот и претставник на Граѓанското движење за одбрана на Македонија.
Ова следниот ден на неговиот профил на Фејсбук го коментираше и Неделковски кој напиша:
„Вчера, во паркот спроти Собранието, при пороен дожд, луѓето останаа да слушаат, прашуваат, учествуваат во дебатата…
Пред Владата, празно. Лажните профили, депилираните педерчиња и професорките (и глумиците) што имаат плата од буџетот се како шеќерна волна. На дожд исчезнуваат“.
Во продолжение проследете го говорот на Неделковски: