ФОТО: Двајца ученици повредени во пукање во Ново Мексико

Двајца ученици се борат за живот откако беа повредени во вооружен напад од страна на малолетник во  училиште во Ново Мексико.

Според информациите од американските медиуми, 12-годишно момче отворило оган во фискултурна сала во средно училиште во Розвел во Ново Мексико.

Во нападот сериозно се повредени двајца ученици, 14-годишно момче и 13-годишно девојче. Од болницата изјавиле дека и двајцата се во критична состојба.

Учителка потоа го убедила момчето да го спушти пиштолот и спречила поголема трагедија.

Младиот напаѓач успеал да во внесе оружјето во училиштето криејќи го во кутија за музички инструмент.

Полицијата го привела момчето и работи на откривање на мотивите за нападот.