![DSC_0927](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/03/DSC_0927.jpg?resize=640%2C425&ssl=1)
Емоции, среќа, хистерија…стампедо од околу две илјади обожавателки денеска го нападнаа балканскиот миленик Даниел Кајмакоски. Скромен и шармантен стружанецот ги поздрави девојчињата кои го чекаа во Градскиот парк во Скопје.
Паркот беше преполн со девојчиња кои неуморно го извикуваа името на фаворитот на Х фактор. Го прегрнуваа, бакнуваа, врискаа и се обидуваа да дојдат до него. Неколку обожавателки, возбудени што го сретнаа својот миленик дури и се расплакаа.
Обезбедувањето на пејачот не беше доволно моќно да се избори со стампедото девојчиња кои сакаа да се фотографираат и да земат автограм од својот идол.
Даниел, се обиде да ги прегрне сите, но едноставно беа премногу.