(ФОТО) Две лица се убиени и над 20 се ранети во напад на клуб на Флорида

Две лица се убиени и над 20 ранети во напад во клуб во Хајалија во американската држава Флорида. Тоа го објави на Твитер шефот на полицвијата во округот Мајами-Дејд, Алфредо Рамирес.

– Уште еден акт на насилство во кој е употребено огнено оружје и ранети над 20 лица, и две се убиени, објави тој.

Рамирес додаде дека станува збор за организиран напад.

На местото на нападот запрел џип Нисан од кој излегле три лица и почнале да пукаат во толпата која се собрала за да проследи концерт.