(ФОТО) Двесте лица отсечени поради уривање на во прилепско

Повеќе од двесте туристи од Прилеп се заглавени во прилепското село Стровија откако во неделата се урнал мостот на патот во близина на селото Гостиражни.

Како што дознаваме од мештаните, неколку автобуси што ги превезувале луѓето кон манастирот ,,Света Недела” во Стровија не можат да се вратат за Прилеп поради свлечиште на асфалтот и уривање на мостот, објави порталот Плусинфо.

Според мештаните, Општина Долнени испратила механизација за санација на свлечиштето, но оттаму, пак, не потврдуваат колку време ќе биде потребно за да се обезбеди мостот и автобусите да преминат од другата страна.

Случајот веднаш бил пријавен во полиција и екипа од ПС Ропотово веќе е излезена на терен.

– Околу 10 часот утрово добивме пријава за паднатиот мост и нашите тимови веднаш излегоа на терен. Сообраќајот помеѓу селата Гостиражни и Стровија е во прекин, но мостот може да се премине пеш – информираат од МВР.

Мештаните го пријавиле инцидентот и во Кризниот штаб во Прилеп, но како што велат, засега нема пристигнато никаква помош.