Најстарите деца на починатиот поранешен италијански премиер и милијардер Силвио Берлускони, Марина и Пјер Силвио, заедно ќе го контрилираат деловното царство коешто го основаше нивниот татко, пишува во неговиот тестамент кој е објавен во четвртокот.
Марина и Пјер Силвио Берлускони веќе имаат извршни должности во дел од активностите, а ќе имаат подеднакви удели кои заедно ќе изнесуваат околу 53 отсто во семејниот холдинг „Fininvest“.
Педесет ишест-годишната Марина претседава со „Fininvest“, додека 54-годишниот Пјер Силвио беше задолжен за телевизискиот бизнис кој го основаше нивниот татко. Холдингот „Fininvest“, исто така, го поседува италијанскиот фудбалски клуб Монца и има удел во банката „Mediolanum“.
Деловниот магазин Forbes процени дека вкупната сопственост на семејството Берлускони, којашто вклучува и луксузни недвижнини во Милано, Рим и на Сардинија, изнесува околу 6,8 милијарди американски долари.
Берлускони, кој во четири наврати беше премиер на Италија, беше медиумски могул и политички шоумен кого финансиските и сексуалните скандали го направија една од најконтроверзните фигури во модерната италијанска историја. Почина на 12-ти јуни на 86-годишна возраст.
Марина и Пјер Силвио тесно соработувале уште додека здравјето на нивниот татко постепено слабееше. Барбара, Елеонора и Луиџи Берлускони, неговите три деца од вториот брат, помалку се вклучени во семејните деловни активности.
Во изјавата во имете на петте деца на Силвио Берлускони се наведува „Ниеден акционер нема да има целокупна индивидуална недиректна контрала над Finivest SpA, која претходно ја вршеше нивниот татко“.
Берлускони одлуката за тоа кој ќе ја наследи „Finivenst“ ја донел во 2006 година, покажува копијата од тестаментот во којашти увид имала агенцијата Reuters. Својата оставнина ја потпишал со своерачно испишаните зборови „Благодарам, многу љубов за сите вас, вашиот татко“.
Претходно италијанската новинска агенција Ansa објави дека Берлускони му остава наследство од 100 милиони евра на својот брат Паоло, а исто толку ќе ѝ припаднат на неговата партнерка Марта Фасцина. Му одредил 30 милиони евра на својот советник, поранешниот италикански сенатор и пријател Марчело Дела Утра, кој изјавил дека е шокиран од гестот.