(ФОТО) Единаесет мртви и 98 повредени во железничката несреќа во Египет

Единаесет лица смртно настрадале а уште 98 други си повредеи во железничката несреќа која во неделата се случи 40-ина километри северно од египетската престолнина Каиро, соопшти во неделата вечерта министерството за здравство.

Возот тргнат од Каиро кон градот Мансура која лежи на бреговите на Нил. Четирите вагони испаднале од шините во 13,54 минути по локално време, соопштија Египетските нацинални железници. Се истражува причината за несреќата.

Повеќе од 50 возила на итната медицинска помош ги однеле настраданите во три покраински болници, соопшти министерството за здравство.

Ова е последниот во низата неодамнешни железнички несреќи во Египет.

Кон крајот најмалку 32 лица загинаа а речиси 200 беа повредени во удар на два воза во близина на Тахта, околу 440 километри јужно до Каиро. Петнесет лица беа повредени претходно во април кога во билизина на Минија ал-Камх, 70 километри северно од Каир, кога два воза излизгаа од шините.

Дел од Египќаните очекуваат оставка да поднесе министерот за сообраќај, поранешниот воен генерал Камел ал-Вазир. Тој ја отфрли оваа опција и вети дека ќе продолжи да работи на развојот на застарената железничка мрежа.

Поради лошата состојба на инфраструктура на египетските железници, застареноста и деценинското необновување на возовите и системите за контрола, а честопати и поради човечкиот фактор, речиси седмично се бележат инциденти во железничкиот сообраќај во земјата, но за среќа повеќето се без жртви и повредени.

Една од најголемите железнички несреќи во Египет последните години се случо во провинцијата Асуан во 2012 годиниа, кога патнички воз со полна брзина налета на училишен автобус кој во рани утрински часови превезувал деца меѓу 4 и 11-годишна возраст, кога загинаа 50 лица. Во летото 2017 година патнички воз на линијата од Каиро кон Александрија без намалување на брзината се удри во композиција во близина на северната престолнина Порт-Саид, кога локомотива и пет вагони излетаа од шините, при што загинаа 43 лица, а 236 беа повредени.