ФОТО| Една жртва и три настрадани лица во невреме во Словенија

Неремето проследено со бура коешто во средата попладнето ја зафати Словенија пред да се спушти вечерта кон Хрватска, однесе еден живот на Блед, известуваат тамошните медиуми повикувајќи се на полицијата.

Едно лице загинало а уште едно е повредено по пад на стебло на Блед. Други две лица се повредени во удар на гром во камп крај Мозирје, на северот на Словенија.

Ширум земјата забележана е голема материјалната штета, пренесува новинската агенција STA.

Кај Метлика паднал град со големина на тениско топче, а илјадници луѓе останале без снабдување со електрична енергија, иако извештаите кои доаѓаат од елекртостопанството укажуваат дека прекините на струја главно биле привремени.

Пожарникарската служба интервенирала и во камп кај Менин, каде дрво паднало врз два шатора и аввтомобил, но притоа немало повредени.

Пожарникарите од околу 300 противпожарни единици ги отстрануваат соборените стебла, електричните и телекомуникациските столбови, ги покриваат отворените покриви, испумпуваат вода од поплавени објекти и сообраќајници, а учествуваат и во евакуациите на жителите од загрозените подрачја.

Во главниот град Љубљана силниот ветер го однел покривот од Плечниковиот стадион, а во Целје одлетал покривот на тамошниот фудбалски стадион.

Станува збор за втора силна бура којашто ја погоди Словенија во период од помалку до 24 часа.