Едно лице загина а по шест други се трага откако луксузна јахта потоната во невремето во близина на главниот град на островот Сицилија, Палермо, објавија италијанските медиуми.
Италијанските противпожарни и крајбрежни служби претходно соопштија дека нивните нуркачи трагаат по седум исчезнати лица, без веднаш да соопштат дека е пронајдено едно тело.
Луксузната јахта долга 56 метри, регистрирана во Велика Британија, потонала во мугрите со 22 лица, 10 членови на екипажот и 12 патници, кога силното невреме ја зафати областа, соопшти крајбрежната стража.
Меѓу исчезнатите има и британски, американски и канадски државјани. Осумтемина спасени, меѓу кои и едногодишно дете, се пренесени во болница и сите се стабилни, јавуваат локалните медиуми.
Едрилицата наречена „Bayesian“, неколкупати наградувана за нејзиниот дизајн, ја изгради италијанското бродоградилиште Перини во 2008 година. Испловила од сицилијанското пристаниште Милацо на 14 август, а во неделата вечерта била во близина на Палермо.
#Palermo, naufragio imbarcazione a Porticello: recuperato dai #sommozzatori dei #vigilidelfuoco il corpo senza vita di un uomo, all’esterno del relitto. Proseguono le operazioni di ricerca con il coordinamento in mare della @guardiacostiera [#19agosto 11:30] pic.twitter.com/Y2m9o5ohCe
— Vigili del Fuoco (@vigilidelfuoco) August 19, 2024