
Силна експлозија денеска го потресе Њујорк, 11 лица се повредени,
Според американските медиуми, на Менхетен се слушнала силна експлозија, а потоа се срушила и шесткатна зграда.
Експлозијата се случила околу девет часот и триесет минути по локално време во источен Харлем, во Њујорк.
Во експлозијата 11лица се повредени, а некои се уште се заробени во урнатините. Со повреди се здобиле и четири пожарникари кои работеле на гаснење на пожарот.
Се’ уште не се знаат причините за експлозијата, но постои сомнеж дека несреќата е предизвикана поради истекување на гас.