Министерството за финансии во четири очи склучила договор во висина од околу 20 илјади евра со компанијата која е во центарот на вниманието откако беше објавена фотографијата за кампањата на Владата за летување во нашата земја под мотото „Дома си е дома“, пишува Курир.мк.
Имено Министерството за финансии преку електронскиот систем за јавни набавки склучила договор со фирма за подготовка на совтверско решение- платформа за издавање на ваучери за работници со ниски приходи во висина од околу 20 илјади евра.
Доказ дека власта рационално и правилно ги троши парите е вчерашната фотографија која стана буквално срамен хит на социјалните мрежи.
Преку украдена фотографија од германскиот национален парк „Берчесгаден“ тие ги повикуваат граѓаните да летуваат дома доделувајќи им ваучери за туризам.
Ваучери за домашен туризам во вредност од 6.000 денари ќе добијат 117.122 граѓани – мерка која има за цел да го заживее домашниот туристички сектор преку зајакнување на куповната моќ на граѓаните. pic.twitter.com/o3RwPMvInW
— Зоран Заев (@Zoran_Zaev) June 14, 2020