Џенифер Лопеза ктиво работи на промовирањето на својот нов филм „Marry Me“, но во фокусот на јавноста е поради обновената романса со колегата актер Бен Афлек, и затоа не зачудува што е на насловата страница на мартовското издание на култниот магазин Rolling Stone, а на фотографиите латино дивата изгледа неверојатно сексапилно, а обожавателите велат подобро од кога и да е.
Џеј Ло позирала во црн Balmai комненизен од колекцијата за пролетта 2022-ра, а целото издание е едотановно, но ултразаводливо и токму во стилот на 52-годишата актерка и пејачка, смело и помалку безобразно предизвикувачки.
Комбинизонот го краси огромно деколте, кое доаѓа до под папокот, истагнувајќи ги голите гради на Лопез, а покрај тоа креацијата е отворена и од страните откривајќи малку гола кожа и во пределот на струкот.
Лопез позирала и во сензиоланото „Herve Leger“ боди во боја на кожата кое ја акцентира нејзинат извајана става и одлично обликуваните нозе, а дивата докажува дека е како виното – од година в година изгледа сѐ подобро.
View this post on Instagram
Во интервјуто за магазинот Џеј Ло се присетува на периодот од почетокот на 2000-те, кога првпат беше во врска со сегашниот партнер Бен Афлек. Истакнува дека тогаш се соочувале со жестоки критики од јавноста, па дури и со расистички коментари. Тврди дека ги игнорирала сѐ до моментот кога тоа станало невозможно.
„Беше брутално. Брутално. Тое е една од оние работи коишто ги закопувате длабоко во себеси за да можета да продолжите атами и да се занимавате со својата работа“, истакнува Лопез.
View this post on Instagram
„Смешно е бидејќи Бен и јас бевме заедно и бевме толку вљубени. Тоа беше еден од најсреќните моменти во мојот живот. Но, од друга страна, пак, тука беше и тоа што бевме многу критикувани и та го уништи нашиот однос, прво однатре а потоа и однадвор, бидејќи едноставно бевме премлади во тој момент да сфатиме што навистина се најважните работи во животот“, додава Лопез.
Актерката зборува и зошто таа и Бен сега немаат проблеми и нивната врска оди добро.
„Нема многу да зборувам за тоа. Двајцата сме возрасни. Исти сме, а различни. И тоа е она што е убаво. Да се има можост за вистиска љубов… да. Како што реков, научивме многу. Знаеме што е стварно, а што не. Значи, едноставно е – играта се промени. Повторни, се обидувам да не кажам премногу“, вели Лопез.
Додава и дека не гледа дека повторно ќе ја раскинат врската.
„Мислам дека воопшто повторно немаше да се споиме доколку мислевем дека тоа оди во таа насока. Чувствуваме дека тоа што повторно го пронајдовме е многу поважно, и знаеме како да го штитиме и како да ги живееме своите животи, што да делиме а што не. Она што сега го имаме е балансот, ползата од искуствата и мудроста што ја стекнавме со годините“, додава дивата.
View this post on Instagram