Брук Шилдс ја искажува љубовта кон нејзината ќерка во кампањата снимена за Денот на мајката на модната марка Victoria’s Secret.
Славната глумица и убавица Брук Шилдс и нејзината млада ќерка Гриер се главни лица – заедно со други манекенки и нивните деца – во рекламата создадена од брендот за долна облека Викторија сикрет со цел да се прослави нераскинливиот однос меѓу мајките и децата.
Во рекламното видео, ѕвездите и ченовите на нивните семејства, споделуваат трогателни и емотивни моменти со своите најблиски разговарајќи за убавината и предизвиците на мајчинството.
Брук Шилдс се бореше да ги задржи солзите зборувајќи за нејзината врска со Гриер, со која дели голема страст за модата (двете се појавија заедно на ревијата на Салваторе Ферагамо минатиот септември):
„Да се снима оваа оваа кампања со ќерка ми и да ја покажам убавината на нашата врска за мене беше остварување на сонот“, нагласува глумицата.