ФОТО| Ќерката на Христо Стоичков провоцира и царува на социјалните мрежи

Христо Стоичков сите го паметат како еден од најпопуларните бугарски фудбалери во 90-тите години од минатиот век во време кога Барселона беше првак во Европа.

Прогласен за најдобриот бугарски фудбалер на сите времиња, а со Барселона пет пати бил првак на Шпанија, освоил и три титули со ЦСКА од Софија,  добитник е и на Златната топка во 1994-та година, истата година кога Бугарија ја однесе до полуфиналето на Светското првенство и беше трето пласиран со неа.

Неговата ќерка, 33-годишната Мика е исто така популарна, но затоа што се фотографира во провокативни пози на социјалните мрежи. Мика важи како многу слободоумна личност, па затоа објавува многу провокативни фотографии на Instagram.

На крајот на 2020 година крена и голема прашина кога на социјалната мрежа објави фотографија на која е буквално гола со коментар „контроверзата е дел од природата на уметноста и креативноста“, додека во меѓувреме испрати и „жешки поздрави од Мексико“.

Интересно е што таа е основач на брендот на бугарската водка „dsvodkaedition“, додека специјалност ѝ е маркетингот и лансирање производи на пазарот.

Стоичкова неодамна призна дека користи и филери и ботокс. За процедурите, таа му верува на истиот специјалист, кого го препорачала на своите следбеници на интернет. Во меѓувреме, за време на пандемијата на коронавирусот, Мика почна да поминува сѐ повеќе време во Бугарија, задно со нејзината ќерка Миа.