ФОТО| Ќерката на познат бизнисмен се преврте со својот џип во центарот на Охрид

Ќерката на познат охридски бизнисмен во неделата вечерта се преврте со својот џип во централното подрачје на Охрид, за среќа нема жртви.

Сообраќајот на улицата „Димитар Влахов“ во Охрид, во правец од општината кон чаршијата беп запрен, и беше пренасочуван по другите улици.

Репортерот на Република јавува дека со црвениот џип „мерцедес“ управувала ќерката на познат охридски бизнисмен, која од непознати причини изгубила контрола над управувачот.

Полициски екипи извршија увид на местото на несреќата, а подетални информации ќе има во текот на понеделникиот.