(ФОТО) Етно селото кај Нерези се подготвува за првите посетители

Десетина куќи изградени во стар и автентичен архитектонски стил карактеристичен за некои кравеви во земјава, а кои се дел проектот „Македонско село“ што се гради на падините на Водно, во близина на манастирот „Св. Пантелејмон”, наскоро ќе ги отворат вратите за посетителите.

Градежните работи се при крај, а фирмата  „Тренд инвест“  која е избрана за концесионер на комплексот, ќе ги извршува  хотелиерските и угостителските дејности.

Како што беше најавено, целтта на изградба на „Македонско село“ е збогатување на туристичката понуда на земјава. Целиот комплекс е изграден на површина од 15 илјади квадратни метри квадратни. Првиот кат на куќите кои се архитектонски репрезенти на повеќе краишта од земјава претставува своевиден музеј каде што ќе бидат прикажани занаетчики работилници, како грнчарница, ковачница, ткајачница,  карактеристични за крајот од каде што потекнува изгледот на куќата.

Во горниот кат ќе има соби за спиење, во кои ќе можат да преноќуваат разни дипломатски претставници и турусти.

Etno selo Nerezi 0207

свен куќи, во комплексот ќе биде изграден и музеј  со предмети од македонската традиција и култура, народни носии и археолошки содржини.

Како дополнителни содржини на амбиентот се и чешма сред село, трло и бачило, но и меана во која што ќе се служат македонски традиционални специјалитети.

Etno selo Nerezi 0201

Изградбата на „Македонско село“, државата ја чини околу 5,4 милиони евра.

 

ФОТО:    БИЛД.МК