Луѓето се евакуирани од зградата на турскиот парламент во Анкара откако се пијавиле информации дека е можен нов напад, јавува Раша Тудеј, повикувајќи се на локалните медиуми.
Здрадата на Парламентот момeнтално е под клуч, а пристапот до неа е блокиран.
Now. Surrounding of Turkish parliament blocked by vehicles. pic.twitter.com/h53xXv3eNw
— Gilgo (@agirecudi) July 18, 2016
Бевме информирани дека ќе има напад… Парламентот е евакуиран, напиша Зија Пир од Прокурдската народна демократска партија на Твитер.