ФОТО: Еве каде завршија илјадниците долари на СОРОС во Македонија

На конкурсот за доделување грантови во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, објавен во септември 2014 година, до Фондацијата Отворено општество – Македонија пристигнале вкупно 151 пријавa од граѓански организации.

Избрани се 27 предлог проекти на кои ќе им бидат доделени грантови во вкупен износ од 868.670 американски долари (подолу е дадена листата на грантистите).

Овие грантови се овозможени со поддршка од американскиот народ преку УСАИД.

Избраните проекти ќе бидат спроведени во период од 12 до 18 месеци. ФООМ ќе обезбеди вмрежување, обуки и консултации за сите грантисти.

Меѓу граѓанските организации кои ќе добијат донација е и коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“, Скопје, чиј партнер е ЛГБТ Центарот за поддршка – Хелсиншки комитет за човекови права.

Речиси 40 илјади долари грант ќе добие организацијата Плоштад Слобода за проект „Активни заедници“. Ставот на невладината организација Плоштад Слобода граѓаните можеа децидно да го видат преку нередите што ги направија нивните членови во фингираните протести на градскиот плоштад против изградбата на црквата. Дел од нив со денови штрајкуваа за наводно узурпирање на јавна површина за изградба на административни објекти кај хотел Бристол, а ниту еден од нив не се појави на традиционалната акција за посадување дрвја. На јавноста веќе и стана јасно како дејствува оваа невладина организација и повеќе од очигледно е дека нејзините членови регираат по секоја инструкција на опозицијата и го креваат гласот, наводно за доброто на граѓаните.

Исто така речиси 40 илјади евра ќе добие организацијата „Прогрес“– Институт за социјална демократија, политички институт кој важи за близок до опозицијата, а во неговите раководни органи се вртат имињата на Ѓорѓи Спасов, Нано Ружин, Марија Стамболиска, Тања Томиќ.

Нешто повеќе од 39 илјади американски долари ќе добие и невладината организација Инфоцентар, која меѓу другото повикуваше на масовна излезеност на студентските протести и протестот за поддршка за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски, со цел манипулирање на јавноста.

Ова се само дел од низата организации под капата на СОРОС, чија основна цел е уривање на оваа власт по секоја цена.

 

soros

soros1

soros2

soros3