ФОТО: Евро по евро – базен за Вице Заев

Евро по евро- базен за Вице Заев. Оваа порака му ја упатија вчера граѓаните на братот на лидерот на СДСМ откако во јавноста се појавија информации за луксузот во кој ужива тој.

Братот на Зоран Заев, Вице Заев живее во зграда спроти струмичкиот парк. Како што може да се види од фотографиите што неодамна се појавија во јавноста, братот на лидерот на СДСМ не штедел во уредувањето на својот стан што се наоѓа на првиот кат од зградата, па вградил базен во својата дневна соба.

Граѓаните со порака до Вице Заев: „Евро по евро - базен за Вице Заев“
Граѓаните со порака до Вице Заев: „Евро по евро – базен за Вице Заев“

Граѓаните вчера упатија порака до него: „Евро по евро – базен за Вице Заев“. Токму пред зградата каде што живее братот на Зоран Заев денеска можеше да се види транспарент со порака „Едно евро за Вицето, едно за базенот“.

Очигледно граѓаните алудираат на видеото од случајот „Поткуп од 200 илјади евра“ во кој Зоран Заев бара мито од бизнисмен, при што напоменува дека треба половина од парите да ги даде кај неговиот брат Вице, а со тоа покажуваат како се стигнува до луксузниот имот.


Во јавноста е познат случајот каде преку тендери кои ги добиле фирми блиски до кланот Заеви се остварувале енормни приходи. Фирми во кој сопственички удел има токму Вице Заев исто така беа добитници на тендери од оштината со која раководи пак братот Зоран Заев.