ФОТО: Фатен крадецот на моштите на Св. Петка

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ поднесена е кривична пријава против А.Д.(38) од градот Дибер, Албанија.

Пријавениот вчера од манастирот „Св.Богородица Пречиста“ во близина на Кичево извршил тешка кражба, односно против-правно присвоил три сребрени крста кои датираат од 1800. година, еден манастирски печат и едно резбано сребрено кофчеже со мошти од „Св. Параскева“- предмети што претставуваат културно наследство на Република Македонија.

Тешката кражба во манастирот е извршена околу два часот наутро откако претходно насилно и со подесен алат, пријавениот го скршил цилиндарот од металната врата и резето од помошната просторија. Потоа насилно ја отворил дрвената врата од јужната страна на манастирот и извршил пребарување низ црковните простории по што насилно ја отворил и вратата за влез во олтарот. Оттука ги одзел гореспоменатите предмети и помал износ на парични средства. По извршувањето на тешката кражба, пријавениот А.Д. околу три часот наутро е приведен во близина на селото Брждани, на регионалниот пат Кичево-Битола, каде се обидел да избега со своето патничко моторно возило марка „Голф“ со албански национални ознаки.

Против него ПС Дебар во текот на март 2010 година има поднесено посебен извештај дека заедно со уште едно лице, го сториле кривичното дело криумчарење на икони и други предмети од културно наследство.

На А.Д.(38) одредена му е мерка притвор во траење од 48 часа и спроведен е во казнено-поправната установа во Тетово.