
Утрово туристите на грчкиот остров Самос биле изненадени од глетката која ги пречекала на плажата.
Имено, на една од лежалките била легната фока која изгледала како пријатно да ужива и да се одмара.
Научниците откако ги виделе фотографиите изјавиле дека ова можеби и е првиот ваков случај и дека никаде порано не било забележано вакво однесување на една фока.