Фустанот што го носеше Дијана, принцезата од Велс во 1985 година ги собори сите модни рекорди кога на аукција во Холивуд достигна 11 пати поголема вредност од првично проценета.
Цената на црниот вечерен фустан од кадифе ја надмина цената од милион долари на наддавањето што го организираше аукциската куќа Julien’s Auctions, односно беше продаден за 1.148.080 долари.
Претходно стручњаците проценуваа дека фустанот заедно со придружната илустрација ќе достигне цена од 100.000 долари.Фустанот е продаден во комплет со влошки за раменици, сино балеринско здолниште од органдиј, голема машна и панделка. Тоа е фустан на принцезата Дијана кој ја достигна највисоката цена досега на аукција.
Претходниот рекорд го држи нејзиниот фустан со боја на модар патлиџан крација на Виктор Еделштејн, кој во јануари беше продаден во аукциската куќа Sotheby’s за 604.800 долари по „жестоко наддавање“. Тоа значи дека фустанот на Дијана во креација на Жак Азагури речиси ја удвоил разликата во цената меѓу првото и второто место.
Дијана првпат го носеше фустанот во Италија во 1985 година за време на кралската турнеја со нејзиниот тогашен сопруг Чарлс, принцот од Велс. Таа повторно го носеше во 1986 година на концерт на симфонискиот оркестар во Ванкувер.
Истата мароканско-британски изајнер ја креираше и нејзината венчаница во 1981 година.
Балеринското здолништето, како додаток на вечерниот фустан, било направено во чест на англискиот национален балет, чијашто покровителка беше Дијана.