На Плоштадот на свети Петар во Ватикан последните години беа поставени неколку невообичаени Божикни јасли, но годинешните силно ги вознемирија римјаните на коишто им изгледаат како да стасале од Вселената.
Меѓу фигурините од керамика на годинешните футуристички ватикански Божикни јасли е и астронаут и лик кој наликува на Дарт Ведер, ликот од филмската фантастична франшиза „Ѕвездени војни“, а досега добиле многу негативни критики за, како што се наведува во медиумите, доколку стануваше збор за претстава на Бродвеј, би била откажана и би престанале да ја прикажуваат уште првата вечер.
Некои корисници на социјалните мрежи, можеби и со надвладувачкото расположение во текот на 2020 година, ги нарекаа „вознемирувачки“ и „целосно неубедливи“. Други, пак, се зајадливи.
„Што, до Бога, направија на ватиканскиот плоштад? Ми недостасуваат доволно соодветни зборови со кои би го опишал ова стравично дело, коешто веријатно пристигнало од друга планета“, објави на Twitter корисникот A.A. Michelangelo.
Марија, Јосип и Трите крала и пастирите наликуваат на квадратести шаховски фигури, а ни животните не се препознаваат подобро.
Ватикан секоја година поставува поинакви јасли, а вообичано нив ги донираат градовите или самите уметници. Годинешниот модернистички приказ веќе беше изложен на неколку места, а го креирале ученици и наставници од Кастели, италијански град во покраината Абруцо, познат по изработката на керамички предмети.
Италијанците во јаслите традиционално секоја година додаваат по еден лик кој ги отсликува актуелните настани. Така, во минатогодишните јасли беа ставени останки од чамец кој ги претставуваше опасностите со кои се среќаваат бегалците, како и лик кој посетува затвореник во неговата ќелија, што го симболизираше добродетелството. Минатогодишните јасли, повторно асоцијарајќи на бегалците преку морето, беа направени од 720 тони песок од плажите.
Според описите на посетителите на годинешните јасли, астранаутот го опишува човековото слетување на Месечината во седумдесеттите години од минатиот век.
Еден од корисниците на општествените мрежи објави фотографија на која се гледа фиура од годинешните јасли, како на Месечината го поставува знамето на Ватикан. На втората фотографија е Дарт Ведер кој од минувачите бара да му го покажат патот до Плоштадот на свети Петар.
Меѓу „обожавателите“ на годинешните Божикни јасли е и Американецот Лино Рули, кој во текот на викендите води католичка емисија на радио во сојузната држава Минесота. „Не знам што повеќе ми се допаѓа: вселенецот или ликот од Ѕвездентие војни. Навистина сакам една смалена верзија за својот скромен дом“, објави на Twitter.
„Поради пандемијата и сето она што нѐ снајде годинавата, христијанските верници очекуваа знак на новото раѓање. Овие јасли многумина меѓу нас ги збунија и растажија“, изјавил за Reuters, 65-годишниот Алфредо Чијарели, кој на централниот ватикански плоштад продава верски предмети и фирурини веќе 30 години.