ФОТО| Гигантски мурал на Достоевски во Неапол за поддршка на руската култура

Уличен уметник во италијански Неапол создаде гигантски мирал на рускиот книжевен гениј Фјодор Достоевски во знак на протест против обидот на италијански универзитет, по примерот на некои други образовно-културни институции во Европа да ги откажуват делата на руските автори и да ги откажуваат настаните на руските уметници по почетокот на руската воена операција во Украина.

Уличниот уметник, кој се претставува како Јорит, изјавил дека тој и многу Италијанци биле непријатно изненадени од одлуката на Универзитетот Бикока во Милано да го отстрани од своите наставни програми курсот за Достоевски, потег кој беше набрзо повлечен по реакциите на јавноста.

Завршениот портрет ќе го краси ѕидот на Техничкото училиште „Аугусто Риги“ во Неапол, и тој според Џорис ќе служи како потсетник дека „само преку културата можеме да ги разбереме причините за војните и да градиме мир“.

„Цензурата, иако на неколку часа, во миг го направи Фјодор Достоевски јавна икона на слободата на говорот. Споровите предизвикани од отстранувањето на курсот стивнаа, но сега и оваа епизода ќе остане овековечена во мурако ко уметникот Јорит реши да го создаде….“, пишува агенцијата AGI.

Самиот автор за агенцијата изјавил дека тој бил погоден од одлуката на миланскиот универзитет и оти со својата работа да покаќе дека културата е ослободена од идеолошките судири и оти е универзална вредност на целото човештво.

Отворањето на муралот е планирано по околу две седмици.

Паоло Нори, предавач на руската катедера и истакнат италијански познавач на рускиот автор, на почетокот од март известо за намерите на Универзитетот Бикока да ја откаже програмата за Достоевски. Според него, на тој начин ректорската управа се обидела да „ги избегне полемиките во сотуација на големи тензии“ во заднината на руската офанзива во Украина. По жестоките реакции на јавноста, водството на универзитетот се повлече од намерата наведувајќи дека станува збор за „недоразбирање“.