Сексапилната Наоми Кемпбел на журката на Викторија Бекам изгледаше сензационално.
Таа е една од најпознатите модели не само во Британија, туку и во целиот свет. Ултимејт кралицата каде и да се појави плени и во четириесет и петтата година изгледа боженствено!
Изданието во кое Наоми се појави на забавата која ја организираше Викторија Бекам ги засени сите нејзнини претходни изданија.
Наоми се појави облечена во тесно црно фустанче, со кое ја нагласи својата витка линија. Фустанчето дополнително мамеше воздишки со кривите прерамки на задниот дел исполнети со блескави циркони.