Пораншената главна дизајнерка на францускиот синџир бутици „Hermes“, Лејла Меншари, почина во Франција на 93-годишна возраст, како последица од зараза со новиот тип коронавирус, пренесуваат париските весници повикувајќи се на соопштение на модната куќа.
Меншари е родена во 1927 во Тунис. Студирала на Националната виша школа за применети уметности во Париз и работела како манекенка. Од 1961 година му се приклучила на дизајнерскиот тим на „Hermes“, а неколку децении, од 1978 до 2013 година, беше на местото уметнички директор за витринското уредување на главниот бутик на компанијата во париската улица „Фобур Сен-Онер“.
„Таа не престана да ја буди љубопитноста, одушевувањето и восхитот на минувачите, создавајќи од излозите театар полн со детали, прозорец отвоен во други светови“, се наведува во соопшението.
Париските дневни весници Figaro и Liberation објавија дека Меншари починала од последици на заразата со новиот тип коронавирус.