![gragjaniiiiii](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/05/gragjaniiiiii.jpg?resize=500%2C375&ssl=1)
Голем број граѓани, стари и млади и од сите националности, вчера се собраа на плоштадите во 23 градови во Македонија и ја изразија поддршката и почитта за македонската полиција. Огромен број на луѓе се собраа пред полициската станица во Кисела Вода.
Граѓаните се заблагодарија за патриотизмот на полицијата, за нивната професионалност и непоколебливост во одбрана на државата, на животите на граѓаните и на мирот и соживотот, како и воспоставување на ред и владеење на законите.
Собирите се мирни, мирољубиви и се со цел граѓаните да искажат благодарност за несебичното залагање на безбедносните сили.
фото: Курир