ФОТО| Голем пожар помеѓу селата Грдовци и Мојанци – интервенираат 7 противпожарни возила и 19 лица

ТППЕ Кочани извести дека во периодот од 13:00 часот до 16:15 часот интервенирала на запалено стрниште помеѓу селата Грдовци и Мојанци.

Поради силниот ветер пожарот брзо се ширел и гасењето било отежнато. Во гаснењето на пожарот учествуваат 11 пожарникари со 6 ПП возила како и 8 членови од ДППД со 1 ПП возило. Опожарена е површина со сува трева од околу 30 ха, а пожарот зафатил и неколку помошни простории (плевни) и една машина (балирачка).

Како што наведуваат очевидци, огнот е на влезот на селото Грдовци поточно во полето наречено „Амбарево“. Цела среќа е што во моментот ветерот дува во спротивна насока инаку лесно можеле првите куќи да бидат зафатени, но вака во опасност пак се доведува далноводот.

На другиот крај пак на селото на патот кон селото Горни Подлог во месноста „Гумењата“ на некој сопственик му изгорела балирачката и сеното а сето тоа предизвикано од запаленото стрниште.