(ФОТО) Големи оштетувања од земјотресот што ја погоди областа на Лариса

Откако пред околу еден час земјотрес ја стресе грчката област Лариса, на социјалните мрежи веќе се појавија фотографии од оштетени домови, згради и цркви.

Според медиумите, во местото Дамаси има урнати куќ. Повозрасен маж бил извлечен од под урнатини на домот во местото Месохори, откако се урнал поголемиот дел од куќата во која живеел. Постариот човек бил однесен со брза помош.

Потресот предизвикал сериозни оштетуваа во селата во пошироката област меѓу општините Тирнавос и Еласона, а особено биле погодени Дамаси, Влахогиани и Месохори. Најмногу оштетувања имало во Дамаси, каде што се урнати повеќе куќи.

На дел од фотографиите се гледа како црква во близина на потресот буквално е срамнета со земја, додека оштетени се и многу други домови и градби.

Потресот според официјалните податоци беше со јачина од 6.2 степени по рихтер, а беше почувствуван и во Македонија, како и во главниот град.

Зејотресот бил почувствуван и во Бугарија и Албанија, а според официјалните информации, почвата сѐ уште се тресе и тоа речиси на секој неколку минути.

 

и.