Беснаат шумски пожари во Австралија, а пламените им се закануваат и на населените места.
Огнената стихија уништи над 40 илјади хектари шуми и друга вегетација, како и 20 куќи и згради. Пожарникарите и доброволците се обидуваат под контрола да стават околу 25 пожари во Викторија, а дел се шират и кон Мелбурн.
Најголемиот пожар беснее кај Килмор на околу 75 километри северно од Мелбурн. Противпожарните служби таму се борат со огнен фронт од вкупно 40 километри.
Засега нема информации за евентуални жртви.
Жителите сведочат дека нивните куќи „експлодирале“ во пламенот, а пожарникарите наведуваат дека спасиле околу 550 објекти во Кеилор, во близина на аеродромот во Мелбурн.
Пожарите што ја зафатија Викторија се најголеми во последните пет години, а стотици луѓе се евакуирани.
Катастрофалните пожари се честа појава, поради рекордно високо температурите проследени со ветер.