Граѓаните на Струмица, Радовиш и Гевгелија, како и соседните општини од југоистокот на државата масовно се потпишуваат против фалсификат попис.
Денеска официјално почна иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за собирање на граѓански потписи против насилниот попис кој го турка Заев.
„Заев сака да спроведе политичка, наместо статистичка операција и да злоупотреби процес како пописот за политичка игра.
Граѓаните во масовни бројки покажаа дека се против импровизациите на Заев“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.