
Пред владината зграда и во средата вечерта под мотото „Ултиматум, не благодарам“ почна десеттиот по ред протест против францускиот предлог.
Протестниот марш започна од пред Владата преку Министерството за надворешни работи до Собранието.
Народот и вечерва покажа сплотеност и решителност.
„Македонија не е на продажба, информацијата и да помине во Собранието, уставните измени не смеат да поминат. Ултиматум, НЕ благодарам! – порачуваат организаторите на протестот.
Илјадници граѓани застанати рамо до рамо вееја македонски знамиња и пееја македонски песни.
Погледнете ја фотогалеријата од денешните протести: