
Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, посети четири градилишта на територија на општина Карпош на кои инвеститор е општината.
Така, се работи на подготовка за асфалтирање на улицата „Петар Драганов“ на која претходно е изведена атмосферска канализација.
Започна и изведбата на паркинг-простор за 40 возила пред Министерството за економија. Во урбаната заедница „Владо Тасевски“ се работи на подготовка за асфалтирање на улицата „Алжирска“ на која претходно беше изведена атмосферска канализација.
Исто така при крај се подготовките за асфалтирање на проширувањето на крстосницата пред црквата во населено место Бардовци откако претходно беше асфалтирана „Улица 6“ во овој дел на општина Карпош.