Маратонската градба на Корзото во Ѓорче Петров, поточно една улица долга нешто повеќе од 100 метри, осветлување за неа и поставени четири монтажни дуќани без санитарен јазол, која траеше од 2019 година, заврши пред извесно време, и тоа не целосно. Потреби се доизведби на уште неколку помали зафати за целосно завршување на проектот
Но, прв објект кој беше пуштен во употреба, од новоизградените, на ѓорчепетровското Корзо, беше токму штабот на градоначалникот на општината, Александар Наумоски, воедно и кандидат на владејачаката СДСМ за нов градоначалнички мандат. Се разбира, иако е пешачка зона, на членството на СДСМ му е дозволено, во штабот на Корзото да влегува со автомобили, како што се гледа и на една од фотографиите.
Пред неколку денови, токму на Корзото СДСМ направи и предизборен митинг за Наумоски, а на кој гостин беше Венко Филипче, или како што лидерот на Левица, Димитар Апасиев, милува да го ословува – министерот за задгробен живот.