ФОТО: Градот Скопје беше дел од глобалното движење „Час на планетата земја“

Со исклучување на уличното осветлување на плоштадот „Македонија“, илуминацијата на скопската тврдина Кале, Камен мост, Ристиќева палата и објектот „Пелистер“ во периодот од 20:30 до 21:30 часот, Градот Скопје вчера се вклучи во одбележувањето на светски познатото движење „Час на планетата Земја“.

skopsvet1

На плоштадот „Македонија“ со запалени свеќи беше формиран бројот 60+ што означува шеесетминутно штедење на енергетските ресурси и заштита од климатските промени.

skopsvet2

Во исто време, 150 волонтери и претставници од Град Скопје, Црвениот крст, од невладини организации, ученици и граѓани се движеа со запалени свеќи. Учениците од ЈУУДГС „Здравко Цветковски“ делеа рачно изработени пораки за „Часот на планетата Земја“.

skopsvet3

Во предвидениот период, поддржувачите на ова движење во целиот свет ги исклучија светилките и испратија јасна порака за намалување на користењето на енергетските ресурси и за намалување на климатските промени.

skopsvet4

Планетарното движење „Час на планетата Земја“ е поддржано од организацијата WWF (World Wildlife Fund), се спроведува во 154 држави во светот и е поддржано од светските метрополи.

skopsvet5

Фотографиите од случувањето во Скопје ќе бидат испратени до WWF организацијата со што Градот Скопје се вклучува во мрежата на светските градови кои ја поддржуваат оваа манифестација (Париз, Лондон, Виена, Сиднеј и многу други).