Откако на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ огромен број од делегатите одлучија да застанат зад Иванов и тој да биде претседателски кандидат на владејачката партија, масовна поддршка актуелниот претседател добива и од граѓаните, пренесе Курир.
Ѓорге Иванов денеска освои вкупно 1099 гласови на Конвенцијата, а останатите негови тројца противкандидати заедно освоија само 135. Масовната поддршка за Иванов која започна на Конвенцијата продолжува и од страна на граѓаните.
Оваа фотографија од пред канцеларијата на Државната изборна комисија во општина Кисела Вода, покажува дека изборот на владејачката партија да му укаже доверба на Иванов и тој да се бори за втор мандат е целосно оправдан од народот.
Покрај во Кисела Вода, според информации од Курир, граѓаните масовно излегуваат да го дадат својот потпис за поддршка на Ѓорге Иванов и низ цела Македонија. Ваквата масовност покажува дека граѓаните застануваат зад изборот на партиските делегати на ВМРО-ДПМНЕ, кои денеска убедливо го поддржаа за Иванов.
Поддршка за Иванов во Ѓорче Петров и Гази Баба
Долга редица во Охрид
Поддршка и од скопскиот татко